Универзитет Св. Кирил и Методиј
Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Институт за телекомуникации

 мапа на сајтот         контакт МК  EN fb   
Text footer
 

 Истражување

 

Институтот за телекомуникации е носител на научно-истражувачката дејност во областа на телекомуникациите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, и воопшто во Република Македонија. На Институтот, се реализира научно-истражувачка активност во најсовремените области на телекомуникациите и информациско-комуникациските технологии и сервиси. Завидните резултати од научно-истражувачката работа на членовите на Институтот се меѓународно потврдени со публикации во меѓународни списанија и светски конференции.

Опрема

Истражувачката дејност на Институтот е поврзана и со работата на бројни домашни и меѓународни научно-истражувачки и апликативни проекти. Во овие проекти редовно се вклучени и нашите студенти, дипломци и постдипломци. Институтот е меѓу водечките институции на УКИМ по бројот на меѓународни проекти, учествувајќи во повеќе европски проекти од FP7 и FP6 програмата во областа на безжичните, сензорските и оптичките мрежи, како и во NATO и TEMPUS финансирани проекти. Институтот развива и директна соработка со повеќе универзитети и компании од Европа и светот: Универзитетот во Алборг (Данска), Техничкиот универзитет во Ахен (Германија), Империјалниот колеџ во Лондон (Англија), Универзитетот во Падова (Италија), INRIA (Франција), THALES COMMUNICATIONS SA (Франција), France Telecom (Франција), EURECOM (Франција), Aаlto (Финска), TRL (Англија), IMEC (Белгија), JRC (Белгија), Универзитетот во Модена (Италија), Uniroma (Италија), Политехничкиот универзитет во Букурешт (Романија), Техничкиот универзитет во Варшава (Полска), истражувачкиот центар на IBM во Њу Јорк (САД), истражувачкиот центар на Ериксон во Даблин (Ирска), Европскиот центар за иновации на Мајкрософт (Германија), EADS (Германија), TUD (Германија), IASA (Грција), Univleeds (Англија), UoS (Англија), KCL (Англија), BT Group (Англија), истражувачката лабораторија на Тошиба во Бристол (Англија), Ericsson (Шведска), KTH (Шведска), HUAWEI (Шведска), UPC (Шпанија), CTTC (Шпанија), EFYU (С. Кореја), институтот Јожеф Стефан (Словенија) и други. Во тек на реализација се и повеќе домашни истражувачки проекти финансирани од Министерството за образование и наука. Под покровителство на Одделот за телекомуникации при Македонската секцијата на IEEE, на Институтот често гостуваат еминентни професори и истражувачи, држејќи предавања за најновите достигнувања и трендови во современите телекомуникации.

Во рамките на својата апликативна дејност, Институтот остварува и блиска соработка со институциите и големите и малите компании во областа на информациско-комуникациските технологии. Учествувал во изработката на голем број на научни студии и проекти кои се од стратешко значење за развојот на телекомуникациската инфраструктура и телекомуникациските мрежи и услуги во најголемите компании и институции во Р. Македонија, како што се: T-Home Македонија, Т-Мобиле Македонија, ONE, Електростопанство на Македонија, Македонски железници, Министерство за одбрана, МВР, Агенција за Електронски Комуникации, Ланком, Дигит.

Во рамките на Институтот функционира и Центар за безжични и мобилни комуникации, кој се занимава со истражување и развој во овие области.

Text footer

 

 УКИМ

 ФЕИТ

 МОН

 ЕТАИ


IEEE ComSoc
Macedonia
 
 

 Агенција за електронски комуникации

 ITU

ETSI

IEEE  

ComSoc