Универзитет Св. Кирил и Методиј
Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Институт за телекомуникации

 мапа на сајтот         контакт МК  EN fb   
Text footer
 

Лабораторија за телекомуникации

 

Лабораторијата за телекомуникации   e     формирана во 1974 година. На почетокот Лабораторијата била сместена во барака 1 во кампусот на Електротехничкиот факултет. Во 1995 год. Лабораторијата е преместена во новоизградениот простор на Институтот за телекомуникации во анексот на Факултетот каде што се наоѓа и денес. Досегашни раководители на Лабораторијата за телекомуникации биле: проф. Борис Спасеновски,   д-р Љубомир Стрезов и проф. д-р Лилјана Гавриловска. Сегашен раководител на Лабораторијата е проф. д-р Борислав Поповски.

ЛАБ ТК 

 Од нејзиното формирање до денес Лаборатоијата за телекомуникации постапно прерасна во современа и одлично опремена лабораторија, која се употребува во наставната, научно-истражувачката и апликативната дејност на Институтот за телекомуникации. 

Како дел од наставата, во Лаборатоијата за телекомуникации студентите практично се запознаваат со современите техники за пренос на сигнали и обработка на податоци, со телекомуникациските мрежи, нивните архитектури и протоколи. Во Лабораторијата се спроведуваат вежби по предметите: основи на телекомуникации, теорија на информации, дигитални телекомуникации, телекомуникациски софтвер, комутација и рутирање, симулациски методи во телекомуникациите, телекомуникациски мрежи, телесообраќаен инженеринг, телекомуникациски системи, канали и пропагација, интернет технологии, радио и сателитски комуникации, дизајн и моделирање на телекомуникациски мрежи, сигурносни телекомуникации, безжични комуникации, дигитален пренос на информации, оптички мрежи, безжични и мобилни мрежи, персонални и   ad  -   hoc     мрежи, безжични   IP     мрежи, процесирање во телекомуникациите, објектно-ориентирано моделирање на телекомуникациски системи, процесирање и пренос на мултимедиски сигнали, итн.  

Мерна опрема

Голем број студенти на додипломските и постдипломските студии ги изработуваат своите семинарски, дипломски и магистерски работи во Лабораторијата за телекомуникации. 

Мерна опрема

Во лабораторијата на располагање се наоѓаат голем број системски макети, мерна опрема, осцилоскопи, спектрални и протоколни анализатори, како и мрежна опрема од водечки светски производители (   HP  ,   Anritsu  ,   Cisco  ,   Marconi  ,   LinkSys  ).

Лабораторијата располага и со повеќе програмски развојни пакети, како што се Matlab, Mathematica, Telelogic Tau SDT Tool (SDL), Optiwave System, OPNET и QualNet. 

Ресурсите на Лабораторијата се користат и за научно-истражувачката дејност во рамките на голем број домашни и меѓународни проекти ( FP  6,  FP  7,  NATO  ,  TEMPUS  ). Предмет на истражување се најновите телекомуникациски технологии (на пример когнитивно радио,  сензорски мрежни технологии, Wireless LAN, WiMAX  ,  3  G,  ADSL,  итн.). Во рамките на овие проекти набавени се: универзални програмабилни радија, сензорски јазли, RFID модули и сигнален анализатор. 

Дел од активностите што се изведуваат во Лабораторијата за телекомуникации припаѓаат во доменот на апликативната дејност и соработка со стопанството. Како резултат на соработката со најзначајните телекомуникациски компании во Македонија развиени се многу решенија за телекомуникациски системи кои успешно се имплементирани од компаниите, како на пример: систем за интегрирање на GSM  /  GPRS  и  WiFi  мрежи, систем за тестирање на квалитетот на GSM  /  GPRS  мрежите, дигитален микробранов систем за дистрибуција на дигитални ТВ програми, скелетни и пристапни телекомуникациски мрежи итн. Врз база на експериментални истражувања во областа на пропагацијата на радиосигналите развиена е софтверск a  алатк  a  за оптимално поставување на пристапни точки во безжична локална мрежа  (  Wireless  Indoor  Design  Tool  -  WIDТ).

 Мапа покриеност

Во рамките на научно-истражувачките проекти на институтот, развиени се демо и тест платформи за инстражувања и развој на апликации од областа на сензорски мрежи и управување на радио ресурси во когнитивни мрежи. 

Тест платформа

Лабораторијата за телекомуникации при ФЕИТ е единствена лабораторија од тој вид во Р Македонија, која бележи постојан развој од нејзиното формирање. Иако располага со најсовремена телекомуникациска опрема, Лабораторијата постојано се стреми кон нејзино дополнување и осовременување, а со цел да биде во тренд со најновите технолошки достигнувања од областа на телекомуникациите и да помогне во дејноста на Институтот за телекомуникации, Факултетот и Универзитетот.

Text footer

 УКИМ

 ФЕИТ

 МОН

 ЕТАИ


IEEE ComSoc
Macedonia
 
 

 Агенција за електронски комуникации

 ITU

ETSI

IEEE  

ComSoc