Универзитет Св. Кирил и Методиј
Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Институт за телекомуникации

 мапа на сајтот         контакт МК  EN fb   
Text footer
 

Средба помеѓу академскиот и бизнис секторот од областа на телекомуникациите

На 24-ти август 2011 година се одржа средба на членовите на Институтот за телекомуникации при ФЕИТ со петнаесетина раководители и менаџери од најголемите македонски компании и регулаторни тела од областа на телекомуникациите и информатичките технологии: Македонски телеком, One, ВИП, Asseco, EIN-SOFT, Neotel, Агенцијата за електронски комуникации, Македонска радиодифузија и Масит.

Целта на оваа средба беше размена на идеи и искуства за посоодветно структуирање на студиите по телекомуникации, во насока на добивање поквалитетни студенти кои им се потребни на компаниите од телекомуникацискиот сектор.

На средбата се спроведе сеопфатен и детален дијалог, каде претставниците од бизнис секторот ги пренесоа своите досегашни искуства со електроинженерите кои дипломирале телекомуникации на ФЕИТ. Тие ги нагласија своите главно позитивни искуства со студентите, но и укажаа на неопходните подобрувања на студиската програма, од аспект на конкретните потреби на нивните компании и институции.

Беше договорена конкретна идна соработка помеѓу Институтот и компаниите, со цел студентите да стекнуваат што поголеми практични знаења во текот на самото нивно студирање, со што значително би се олеснило нивното вработување во овие компании веднаш по дипломирањето.

Text footer

 УКИМ

 ФЕИТ

 МОН

 ЕТАИ


IEEE ComSoc
Macedonia
 
 

 Агенција за електронски комуникации

 ITU

ETSI

IEEE  

ComSoc