Лабораторија за оптички
комуникации
Лабораторијата за оптички
комуникации е опремена во рамките на
проектот„Програма за опремување на
лабораториите на државните
високообразовни установи и јавните научни
установи“ на Владата на Република
Македонија.
Институтот за акедитација на
Р.Македонија во септември 2013 година на
Факултетот за електротехника и
информациски технологии му издаде
сертификат за акредитација на
Инспекциското тело за електротехнички
уреди, инсталации и опрема
(
Сертификат
ИТ-074).
Составен дел од Инспекциското
тело на ФЕИТ е и Лабораторијата за
оптички комуникации
(подрачје на инспекција
бр.10) со две акредитирани методи,
за мерење на слабеење и хроматска
дисперзија на оптички
влакна.
Лабораторијата за
оптички комуникации располага со следната
опрема:
1.
Мултифункционална модуларна
платформа EXFO
FTB-1 со модул:
-
EXFO
- FTB-730 : Оптички рефлектометар (
OTDR)
2.
Мултифункционална модуларна
платформа
EXFO FTB-500 со следните модули:
-
FTB-5240
S : Оптички спектрален анализатор
(Optical Spectral Analyzer)
-
FTB-5800:
Анализатор на хроматска дисперзија
(Chromatic Dispersion-CD Analyzer)/Мерење
на хроматска дисперзија во оптички влакна
-
FTB-5500B:
Анализатор на поларизациска дисперзија (
Polarization Mode Dispersion-PMD Analyzer
/Мерење на поларизациска дисперзија во
оптички влакна
3.
Извор
на светлина EXFO
FLS-5 834A во C и L оптички
опсег
4.
EXFO
FVA-600 – Атенуатор
(Ослабувач)
5.
Sumitomo Splicer T-39LC
Лабораторијата за оптички
комуникации ќе се користи во наставата,
како и во
научно истражувачката и апликативна
дејност на Институтот за телекомуникации
и Факултетот за електротехника и
информациски технологии.
Поконкретно Лабораторијата се
користи за:
-
сертификација
на опрема за оптички
комуникации,
-
сертификација на лица во
областа на оптичките
комуникации,
-
изведување
на практичната настава на додипломските и
постдипломските студии на Факултетот за
електротехника и информациски
технологии,
-
научно
истражувачка работа од областа на
оптичките комуникации,
-
развојно-истражувачки
проекти во соработка со
стопанството, пред се мерења во оптичките
комуникацики системи.
Главни
целни области и приоритети на
лабораторијата се:
-
анализа
на оптичките мрежи и нивните
перформанси,
-
мерење
на карактеристиките на оптичките
компоненти (отички влакна, ласери, диоди,
оптички приемници),
-
мерење
на слабеења и дисперзија при
имплементација на оптички
текеломуникациски
системи,
-
мерања
во постоечки оптички текеломуникациски
системи,
-
тестирање
на оптичка опрема која се користи кај
големите телекомуникацски
мрежи.
Членови на Лабораторијата за
оптички комуникации
се:
проф. д-р Борислав Поповски,
Раководител на лабораторијата за оптички
комуникации
(borop@feit.ukim.edu.mk, +38975
425550)
Проф. д-р Александар Ристески
(acerist@feit.ukim.edu.mk, +38971 222652
)
Доц. д-р Перо Латкоски
(pero@feit.ukim.edu.mk, +38971
358456)
Доц. д-р Марко Порјазоски
(markop@feit.ukim.edu.mk, +38975
470026)
|