Универзитет Св. Кирил и Методиј
Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Институт за телекомуникации

 мапа на сајтот         контакт МК  EN fb   
Text footer
 

14.03.2011 Најмлад научник за 2010 година

М-р Никола Златанов, дипломиран електроинженер на Институтот за телекомуникации при ФЕИТ, е добитник на наградата „Најмлад научник за 2010 година“. Ова престижно признание го доделува Претседателот на Република Македонија за врвни научни достигнувања на лица до 30 години.   

Никола Златанов 01

Никола Златанов е роден во Струмица во 1983 година. Дипломирал (2007 год.) и магистрирал (2010 год.) во областа на безжичните телекомуникации на Факултетот за електротехника и информациски технологии, под менторство на проф. д-р Зоран Хаџи-Велков.  

Никола Златанов 03

Од септември 2010 година е запишан на докторски студии на Факултетот за електротехника и компјутерско инженерство на Универзитетот на Британска Колумбија во Ванкувер, Канада. Добитник е на најпрестижната стипендија за докторски студии на овој универзитет. Неговите истражувања се насочени во безжичните телекомуникации, со посебен интерес во кооперативни мрежи и сигурност на пренос на информација на физичко ниво. Никола Златанов досега објавил повеќе трудови во најпрестижните меѓународни списанија во електротехниката, информациско-комуникациските технологии и физика (пр. во IEEE Transactions), поради што заслужено го добива епитетот „Најмлад научник за 2010 година“ во Република Македонија.

Никола златанов 03

Церемонијата на доделување на наградата се одржа на 11 март 2011 година во Свечената Мозаик Сала во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Text footer

 УКИМ

 ФЕИТ

 МОН

 ЕТАИ


IEEE ComSoc
Macedonia
 
 

 Агенција за електронски комуникации

 ITU

ETSI

IEEE  

ComSoc