Универзитет Св. Кирил и Методиј
Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Институт за телекомуникации

 мапа на сајтот         контакт МК  EN fb   
Text footer
 

Лабораторија за безжични и мобилни мрежи

Лабораторијата за безжични и мобилни мрежи е формирана во 2007 година во рамките на Институтот за телекомуникации и Центарот за безжични и мобилни комуникации. Примарна активност на лабораторијата е научно-истражувачка дејност во следните домени:

  • Развој на демо платформи за спектрално ослушнување, динамички пристап кон спектар, когнитивно радио, полиси за когнитивно радио и локализација на безжични примопредаватели и оптимизација на радио ресурси во мали ќелии (т.е. LTE small-cells)
  • Спектрални мерења во различни опсези од интерес и соодветни моделирања на искористеност на спектар
  • Безжични сензорски мрежи, мобилност и потрошувачка на енергија

Дополнителна активност е апликативната дејност во доменот на развој на комерцијални Machine-to-Machine (M2M) производи (на пр. SmartWine продукт во соработка со Македонски Телеком). Лабораторијата се користи и за изработка на дипломски трудови како и во наставната дејност на магистерски и докторски студии.

Лабораторијата за безжични и мобилни мрежи поседува опрема со вкупна вредност од приближно 250.000 евра (опремена од меѓународни научно-истражувачки проекти од програмите EC FP6, EC FP7 и NATO SfP). Лабораторијата исто така има акредитирано мерни процедури за мерење на радио спектар и сообразност на радио опрема. 

Раководител на лабораторијата од нејзиното основање е проф. д-р Лилјана Гавриловска.

 


Text footer

 УКИМ

 ФЕИТ

 МОН

 ЕТАИ


IEEE ComSoc
Macedonia
 
 

 Агенција за електронски комуникации

 ITU

ETSI

IEEE  

ComSoc