Универзитет Св. Кирил и Методиј
Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Институт за телекомуникации

 мапа на сајтот         контакт МК  EN fb   
Text footer
 

Историја на Институтот за телекомуникации


Зачетоците на Институтот за телекомуникации се во некогашната Катедра за електроника при тогашниот Електро-машински факултет во 1970 година, кога е формирана новата „слабострујна“ насока
 E  лектроника. Во рамките на таа насока се воведени првите фундаментални предмети од областа телекомуникации, односно основи на телекомуникации и статистички методи во телекомуникации, како и неколку изборни предмети во завршниот семестар.

Барака 1

Уште во 1972 год. е избран првиот наставник во областа телекомуникации, доцент Борис Спасеновски, кој тогаш ги предава предметите основи на телекомуникации и високофреквентна техника. Како основоположник на идниот Институт за телекомуникации и негов раководител сè до пензионирањето во 2000 година, тој даде исклучителен придонес во неговиот развој, во поглед на унапредувањето на наставниот процес, формирањето на наставниот кадар, но и како раководител и истражувач на низа научно-истражувачки и апликативни проекти од областа телекомуникации. Во недостиг на наставен кадар од оваа област, наставата по предметот статистички методи во телекомуникации за првата генерација студенти ја изведува проф. д-р Георгије Лукатела од Електротехничкиот факултет во Белград, за што во оваа пригода му искажуваме благодарност. Веќе во наредната учебна година наставата по тој предмет ја презема доцент Татјана Улчар-Ставрова, која во 1968 год. е избрана за асистент на предметот основи на електротехника, а по оформувањето на насоката Eлектроника го презема изведувањето на вежбите по двата фундаментални предмети од областа телекомуникации. За покривање на наставата по предметот телефонско-телеграфска техника во 1972 год. во звањето виш предавач е избран Ристо Тунтев, кој во дополнителен работен однос ја изведува наставата и ја развива оваа проблематика во наредните петнаесетина години. Наставниот кадар одговорен за изведување на наставата од областа телекомуникации се надополнува со изборот на асистентите Љубомир Стрезов во 1975 год. и Лилјана Гавриловска во 1977. По иницијатива на проф. Спасеновски, во 1974 год. се формира Лабораторијата за телекомуникации, при што тој е назначен за нејзин прв раководител. Забележителен е неговиот придонес и во развојот на Факултетот, како привремен инокосен орган при осамостојувањето на Електротехничкиот факултет и негов декан во еден мандат.

Во тој период, поточно во 1977 година на Електротехничкиот факултет се формирани Институтот за енергетика и Институтот за електроника, в o  чии рамки функционираат по неколку катедри. Наскоро потоа, во 1982 год., поради големиот број специфични области кои ги покриваат овие институти се оформени десет заводи, меѓу кои и Заводот за телекомуникации. Негов директен наследник е денешниот Институт за телекомуникации. 

Text footer

 УКИМ

 ФЕИТ

 МОН

 ЕТАИ


IEEE ComSoc
Macedonia
 
 

 Агенција за електронски комуникации

 ITU

ETSI

IEEE  

ComSoc