19.04.2013 Институтот за
телекмуникации избран за "Партнер за иновации"
на Македонски Телеком и T-Mobile
Македонија
Проектот на Институтот за
телекомуникации на ФЕИТ со назив „SmartWine“ , чиј раководител
е проф. д-р Лилјана Гавриловска, е еден од петте наградени
проекти од Македонски Телеком и Т-Мобиле во рамките на
натпреварот „Партнер за иновации“.
На 12.12.2012 година, Македонски
Телеком и Т-Мобиле го промовираа проектот „Партнер за
иновации“, и на настанот беа повикани да се пријават сите
заитересирани иноватори, истражувачи, компании и ентузијасти.
Од пријавените 78 апликации, Македонски Телеком и Т-Мобиле
избраа 5 проекти кои ќе добијат поддршка во вредност од 100.000
евра.
На 19 април 2013, петок, во
11.30 во City Hall се одржа презентација на наградените
проекти, при што на добитниците на наградите им беше врачена
плакета.
|