Универзитет Св. Кирил и Методиј
Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Институт за телекомуникации

 мапа на сајтот         контакт МК  EN fb   
Text footer
 

28.05.2012 Второ место на Електријада 2012 за студентите по Телекомуникации при ФЕИТ

На овогодинешната Електријада, што се одржа во периодот 18-23 мај во Кранево, Бугарија, нашите студенти покажаа извонредни резултати. Тимот од стидентите од насоката Телекомуникации, во чиј состав беа Елена Бошковска, Катерина Смиљковиќ и Христијан Ристевски, освои второ место. Второ поединечно место освои и студентката Елена Бошковска. Ова воедно беше и најдобар резултат на било која екипа и поединец од ФЕИТ и Македонија, воопшто. Покрај наградата од областа на Телекомуникации, ФЕИТ се закити со уште една награда од областа на Автоматика. Тимот од студентите од насоката Компјутерско системско инженерство и автоматика, во чиј состав беа Станислава Секирарска, Илија Митров и Николче Вељановски, освои трето место.

  • Elektrijada 01
  • Elektrijada 02
  • Elektrijada 03
  • Elektrijada 04

Електријадата, како манифестација, претставува најголем годишен собир на студенти од техничките факултети во југоисточна Европа и пошироко. Традиционално се одржува веќе 52 години и претставува симбол на глобалното академско единство и студентскиот дух. Оваа година имаше учесници од шест земји и вкупно 20 факултети, меѓу кои се најдоа техничките факултети од Белград, Љубљана, Загреб, Ријека, Тузла, Бања Лука, Нови Сад, Сараево, Софија, Подгорица, Краков, Варшава и други. Студентите, преку натпревари во наука и спорт го бранат угледот на својот факултет и својата држава. Оваа година, ФЕИТ се гордее со своите студенти кои успешно го одбранија угледот на ФЕИТ и се доказ за квалитетната работа и стручните тимови на нашиот факултет.

 УКИМ

 ФЕИТ

 МОН

 ЕТАИ


IEEE ComSoc
Macedonia
 
 

 Агенција за електронски комуникации

 ITU

ETSI

IEEE  

ComSoc