Додипломските студи по
телекомуникации траат 8 семестри и се
базираат на европскиот кредит-трансфер
систем, со што студентот станува дел од
европското високо образование. Студентот се
запознава со сите современи дисциплини во
телекомуникациите и воопшто во
информациското-комуникациско инженерство,
преку полагањето на задолжителните и
изборни предмети. Преку изборните предмети,
студентот има слобода самостојно да се
профилира во некоја од телекомуникациските
области.

Дел од дисциплините, кои
се негуваат во студиска програма на модулот
телекомуникации се: теорија на информации,
дигитални телекомуникации, теле-сообраќаен
инженеринг, сигурносни комуникации,
безжични комуникации, широкопојасни и
оптички мрежи, безжични, мобилни и
персонални мрежи, сензорски мрежи,
интелигентни антени, канали и пропагација,
интернет технологии, дизајн и моделирање на
телекомуникациски системи и сервиси,
менаџирање во телекомуникациските мрежи,
симулациски методи во телекомуникациите,
процесирање и пренос на мултимедиски
сигнали. Со одбраната на дипломска работа,
студентот се стекнува со академскиот
степен: дипломиран инженер по
електротехника и информациски технологии,
специјалност: телекомуникации. Инсти-тутот
за телекомуникации е единствена институција
во државава, која доделува ваков вид на
диплома. Дипломираниот инженер од областа
на телекомуникациите својата професионална
кариера ќе може да ја гради во индустријата
и во јавниот сектор, како што се: јавни
телекомуникациски оператори, мобилни
оператори, интернет провајдери, банки и
осигурителни компании, телевизиски и радио
дифузни компании, академски институции и
истражувачки лаборатории во земјата и во
светот. Студиската програма по
телекомуникации, како водечка на овој
факултет, ги обезбедува потребните знаења и
експертиза за работа во најсовремените
комуникациски и информациски области, кои
во моментов доживуваат експлозивен раст. Во
Република Македонија постојат значителен
број фирми кои произведуваат и инсталираат
телекомуникациска опрема, како и
претставништва на големи странски компании
со телекомуникациски профил. Кадрите кои
своето образование го завршиле на модулот
телекомуникации поседуваат меѓународно
препознатлива диплома и се оспособени да се
вработаат во фирмите од информациско
комуникацискиот сектор
(ICT).
Распределбата на
предметите по семестри и наставните палнови
на предметите од студиската програма
Телекомуникации можете да ја
погледате тука
.

|