Универзитет Св. Кирил и Методиј
Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Институт за телекомуникации

 мапа на сајтот         контакт МК  EN fb   
Text footer
 

09.11.2012 - Институтот за телекомуникации на манифестацијата „Наука на младите“  

По повод Светскиот ден на науката, на 09 ноември 2012 година во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија во Скопје, се одржа изложба на проекти на млади истражувачи – НАУКА НА МЛАДИТЕ.

Изложбата ја отворија проф. д-р Христина Спасевска, продекан за наука на Факултетот за елетротехника и информациски технологии и претседател на Народна техника на Македонија и проф. д-р Миле Станковски, декан на Факултетот за елетротехника и информациски технологии. Изложбата беше одлична можност на едно место да се најдат младите истражувачи од различни институции .   

Меѓу проектите што беа презентирани на изложбата, се најдоа и неколку проекти на младите истражувачи од ФЕИТ. Студентите од Институтот за телекомуникации се претставија со свое демо, насловено како “Smart Institute”. Демото е изработено во рамките на предметот Персонални и ад-хок мрежи, под менторство на проф. Д-р Лилјана Гавриловска. Студентите, преку своја замисла на Институтот како “smart”, реализираа сензорска мрежа, која вклучува бројни напредни функционалности на Институтот. Демото предизвика значителен интерес на изложбата, како кај возрасните, така и кај помладите генерации. 

 

 

 

 

Повеќе информации може да се најдат на веб страната на ФЕИТ http://feit.ukim.edu.mk/novosti/izlozhba-na-proiekti-od-mladi-istrazhuvachi-2013-nauka-na-mladitie-vo-narodnata-kantsielarija-na-prietsiedatielot-na-riepublika-makiedonija.  

 

 УКИМ

 ФЕИТ

 МОН

 ЕТАИ


IEEE ComSoc
Macedonia
 
 

 Агенција за електронски комуникации

 ITU

ETSI

IEEE  

ComSoc