Универзитет Св. Кирил и Методиј
Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Институт за телекомуникации

 мапа на сајтот         контакт МК  EN fb   
Text footer
 

15.02.2014 Промоција на Лабораторијата за оптички комуникации  

На 15.02.2014 година Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски и деканот на ФЕИТ, професор доктор Миле Станковски, ја промовираа Лабораторијата за оптички комуникации во просториите Факултетот за електротехника и информациски технологии.

На промоцијата присуствуваа и министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, проректорот и професор на ФЕИТ, Влатко Стоилков, професор Борислав Поповски, раководител на Лабораторијата за оптички комуникации при ФЕИТ и други професори и гости.

 

  

 



„Со деканот на ФЕИТ и со министерот за образование и наука ја промовиравме новата лабораторија, која веќе е акредитирана и се употребува за оценување на капацитетот и квалитетот на оптичките кабли. Лабораторијата ја користат студентите, научните кадри, професорите, но и стопанството, како што се Агенцијата за електронски комуникации, Македонскиот телеком, а се надевам во иднина и другите телекомуникациски оператори и сите компании кои работат со поставување оптички кабли“, истакна премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.

Инаку Лабораторијата за оптички комуникации е дел од проектот на Владата на Република Македонија „Програма за опремување на лабораториите на државните високообразовни установи и јавни научни установи“. Оваа лабораторија се користи во наставата, во истражувачката дејност и во соработката со стопанството преку која се утврдува квалитетот на постојните и оптичките мрежи кои ќе се поставуваат во иднина. Лабораторијата за оптички комуникации е дел од акредитираното Инспекциско тело на ФЕИТ за електротехнички уреди, инсталации и опрема. Повеќе детали за лабораторијата можете да прочитате на следниот линк.

 УКИМ

 ФЕИТ

 МОН

 ЕТАИ


IEEE ComSoc
Macedonia
 
 

 Агенција за електронски комуникации

 ITU

ETSI

IEEE  

ComSoc