Универзитет Св. Кирил и Методиј
Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Институт за телекомуникации

 мапа на сајтот         контакт МК  EN fb   
Text footer
 

04.05.2014 Проф. д-р Лилјана Гавриловска и доц. д-р Владимир Атанасовски добитници на престижната државна награда “Гоце Делчев”

Научниот труд “Learning and Reasoning in Cognitive Radio Networks”, печатен во меѓународното списание IEEE Communications Survey and Tutorials во 2013, им ја донесе престижната државна награда “Гоце Делчев” на проф. д-р Лилјана Гавриловска и доц. д-р Владимир Атанасовски од Институтот за телекомуникации. Државната награда “Гоце Делчев” се доделува како општествено признание за особено значајни научни остварувања во области од интерес на Република Македонија. На пригодна свеченост, во Собранието на Република Македонија, наградата ја додели академик Владо Камбовски во присуство на претставници од државниот врв.

 

 

Добитниците проф. д-р Лилјана Гавриловска и доц. д-р Владимир Атанасовски веќе неколку години се активно вклучени во работа на областа на когнитивни радио мрежи преку реализација на практични прототипови и соработувајќи со најголемите светски универзитети (RWTH Aachen – Germany, UCL London – UK итн.), производители на телекомуникациска опрема (Ericsson, Huawei, Toshiba, Microsoft итн.) и регулатори (Ofcom, PTS, АЕК итн.). Објавениот труд е резултат на нивната долгогодишна работа во областа и е публикуван во списание со извонредно висок импакт фактор за технички науки од 6.348. Импакт факторот за објавена публикација е знак за нејзиното влијание во областа во светски рамки што дополнително го потенцира значењето на трудот “Learning and Reasoning in Cognitive Radio Networks”. Самата едиција која го објави, IEEE Communications Surveys and Tutorials, важи за една од трите најсилни и најпрестижни публикации во областа на комуникациите денес.

 

Повеќе за целиот настан можете да прочитате тука.

 УКИМ

 ФЕИТ

 МОН

 ЕТАИ


IEEE ComSoc
Macedonia
 
 

 Агенција за електронски комуникации

 ITU

ETSI

IEEE  

ComSoc